Производство на метални конструкции и контејнери
Покрај останатото нашата компанија е специјализирана за производство на метални конструкции и контењери.
Градежни работи
Од градежните работи Мобинстал може да понуди изградба на:
- Пристапен пат
- Армирачко бетонски работи
- Подигање на антенски кули
- Заземјување
Електрични инсталации
Мобинстал изработува комплет електрични инсталации со техничка документација и основен проект. Инсталација на електро опрема. Противпожарна инсталација.
Инсталација на телекомуникациска опрема
Под инсталација на телекомуникациска опрема се подразбира инсталација на GSM и MW, комплетен AFS (антенски систем). Тука се подразбира инсталација Фидер или оптика, инсталација на антени, подесување на истите. Исто така нудиме услуги во делот на инсталација на камери за видео надзор со online набљудување на камерите.
Изработка на идејно решение и основен проект
Мобинстал нуди комплетна изработка на идејни решенија и основни проекти со целосна покриеност од Архитектура, Енергетика, Статика и Водоинсталација. Тимот кој ја сочинува компанијата е компетентен и професионален за секој дел од проектите и нивната реализација.
Енергетски системи
Изградбата на далноводи претставува една од технички најсложените работи од областа на работење на нашата компанија. За време на нашето постоење сме изградиле повеќе системи на далноводи од 0.4, 10, 20, 35, 110, 220 и 400 KV и тоа по систем "клуч на рака".
Мерење на заземјување
Исто така компанијата овозможува на мерење на громобранско заземјување и работно заземјување со што за таа цел распола со баждарен инструмент МЕТРЕЛ.